Тиквеш подобар од Анталијаспор, Пелистер ремизира против Трајал Крушевац

Македонските екипи продолжуваат со подготовките за новата сезона, па така Тиквеш славеше против Анталијаспор со 4-2, додека Пелистер ремизира против Трајал Крушевац (0-0).

Натпреварот почна на најдобар можен начин за Тиквеш, кој поведе со голот на Диего во четвртата минута, а потоа Мартин Стојанов зголеми на 2-0.

Водството на екипата од Кавадарци продолжи да расте до 20. минута, кога Александар Мишев стрелаше за 3-0, а потоа Анталијаспор со два погодоци успеа да ја врати неизвесноста во дуелот (2-3). Победата на Тиквеш ја запечати Спасов, со голот во 85. минута кога ги постави конечните 4-2.

Пелистер и Трајал Крушевац одиграа израмнет натпревар, а македонскиот тим во завршницата имаше и фудбалер помалку, меѓутоа извлече реми против ривалот.

Фото: Facebook/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци/FC Tikves 1930 Kavadarci