Марк Маркез тргна како втор, ама без проблеми победи во спринт-трката во Брно!

Марк Маркез дојде до својата 11-та победа во спринт-трките сезонава во Мото ГП шампионатот, откако триумфира денеска на патеката во Брно на Големата награда на Чешка.

Шпанецот тргна од втората стартна позиција, но уште во првиот круг го презеде водството, поминувајќи го Франческо Бањаја, кој не успеа да ја задржи пол-позицијата, прва за него оваа сезона. Подиумот го надополнија Педро Акоста, кој финишираше втор, и Енеа Бастианини на третото место. Непријатно изненадување беше токму Бањаја, кој од прв на стартот заврши дури седми.

Главната трка на патеката во Брно е закажана за утре (недела) од 14 часот. Во генералниот пласман, Маркез води убедливо со 356 бодови, 95 повеќе од својот брат Алекс Маркез кој е втор со 261, додека Бањаја моментално се наоѓа на третата позиција со 200 бодови.

ФОТО: EPA PHOTO