
Во Сараево владее европска треска, Ристовски ќе дебитира пред полн стадион!
Сарајево како освојувач на Купот на БиХ, настапот во Европа го започнува од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Првиот меч им е против Крајова на Кошево во четврток со почеток од 21 часот.
Иако до овој дуел има уште пет дена, билетите се продаваат „како алва“, веќе се продадени повеќе од 10.000 влезници. Стадионот има капацитет од 30.000 гледачи, па нема да биде чудно ако биде распродаден до четврток.
Откако Крсте Велковски стана спортски директор во Сарајево, во овој клуб почнува македонска колонија. Ова лето потпишаа двајца наши фудбалери, како главна ѕвезда пристигна Стефан Ристовски, а потоа го промовираа и Агон Елези.
Двајцата би можеле да го имаат официјалното деби токму на мечот во четврток против Крајова.