
Спахиу: Мораме да извлечеме поука од грешките
Спахиу потенцираше и дека во иднина грешки како на денешниот натпревар не треба да се случуваат.
„Почнавме тешко, но и знаевме дека пред нас нема да биде лесен натпревар. Сакавме да победиме, меѓутоа не успеавме, иако имавме шанси. Ова е натпревар од кој можеме да научиме од грешките и во иднина да не ги повторуваме. Секое гостување е тежок натпревар, па така беше и сега.
Во следното коло Вардар го чека многу посериозен предизвик против швајцарска Лозана.
Иако нема многу време, за Лозана веруваме дека ќе бидеме подготвени да одиграме на највисоко ниво“, изјави Спахиу.