Јокиќ наскоро ќе ја соопшти одлуката која цела Србија ја очекува

Европското првенство во кошаркар се игра ова лето во период од 27 август до 14 септември, а репрезентацијата на Србија е една од ретките селекции која нема објавено ниту поширок список. Причината многу веројатно е Никола Јокиќ.

Најдобриот српски кошаркар и ѕвезда на Денвер нагетс не донел одлука дали ќе биде дел од српската репрезентација или ќе си го продолжи одморот пред новата сезона со Денвер.

Според српските медиум, Јокиќ е многу блиску да соопшти дека ќе ги брани боите на Србија.

„Јокиќ наскоро би требало потврдно да одговори на селекторот Светислав Пешиќ со кого имал разговор и се очекува Србија со него да го нападне европското злато“, гласат најавите во медиумите.

Српските медиуми додаваат и дека селекторот Пешиќ на располаагање ќе ја има целата екипа која во Париз стигна до олимписка бронза.

Евробаскетот Србија го стартува против Чешка на 27 август, а во групата се уште: Португалија, Естонија, Летонија и Турција.

Фото: Denver Nuggets/X