Трамп му го расипа славјето на Челси: Не се тргам, ќе седам со вас! (ВИДЕО)

Челси го распарчи ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство со 3-0, но прославата им ја расипа американскиот претседател Доналд Трамп, кој не сакаше да се тргне додека тимот се обидуваше да направи групна фотографија и да го прослави успехот.

Рис Џејмс и Роберт Санчез го замолија претседателот на САД да се помести, меѓутоа Трамп се инаетеше и одби да го исполни барањето на ѕвездите на премиерлигашот.