Палмер: Сите зборуваа сра*а за нас, но ние се движиме во вистинска насока

Челси беше еден од најкритикуваните тимови во минатата сезона, поради кризата со која се соочија на средината на сезоната, меѓутоа тренерот Енцо Мареска успеа да пронајде начин и да го однесе тимот до два пехари.

„Сините“ неодамна успеаја да ја освојат Конференциската лига на УЕФА, а потоа доминираа на Светското клупско првенство, каде што вечерва го декласираа и европскиот шампион ПСЖ, по што најголемата ѕвезда во тимот, Кол Палмер даде искрена изјава.

„Сите зборуваа сра*а за нас цела сезона, но ние се движиме во вистинска насока. Ние сме млад тим, а тренерот Енцо Мареска има големи планови за иднината“, кажа Палмер.

Фото: Facebook/Chelsea FC