Санчо бара Јунајтед да му плати за да направи трансфер во Јувентус!

Необична ситуација на трансфер пазарот во која главната улога ја има Џејдон Санчо кој треба да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето.

Јувентус прави напори да го ангажира Санчо, но не може да му ја даде платата која тој ја добива во Манчестер Јунајтед.

Двата клуба се блиску до договор, а Јувентус исто така е пред договор и со Џејдон Санчо за висината на платата, но има еден проблем.

Англичанецот за да даде зелено светло, сака да добие пет милиони евра од Манчестер Јунајтед.

Со тоа сака да му биде искомпензирана разликата во плата која ја има меѓу она што го добива во Јунајтед и тоа што му го нуди Јувентус.

Во италијанскиот клуб тој ќе добива шест милиони евра плус бонуси, што е значително помалку од она што го зема во Манчестер Јунајтед.