Во Баерн се свесни: Повредата на Мусиала е голем удар за нас!

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл го потенцираше значењето за Џамал Мусиала за тимот и ја потврди тежината на неговата повреда.

Мусиала се врати од пауза поради повреда и требаше да биде еден од главните играчи на Баерн Минхен во новата сезона, ја доби и десетката.

Но, на мечот со ПСЖ ја заработи страшната повреда која изгледаше шокантно, а според информациите на германските медиуми тој ќе паузира 4-5 месеци. Веројатно до крајот на оваа календарска година.

„Повредата е многу сериозна, паузата ќе биде долга, ова е голем шок за сите нас, а секако и за Џамал. Ова е огромен удар за Баерн, сите знаат колку важен играч е Мусиала за нашата екипа. Многу ни е жал бидејќи штотуку се врати од незгодна повреда, а сега заработи нова, уште посериозна. Она што е сигурно е дека ние сме тука за Мусиала и ќе му дадеме комплетна поддршка да се врати уште посилен на терените“, рече директорот на Баерн, Маск Еберл.