Фудбалскиот свет во тага: Соиграчи, тренери и семејството се збогуваат со Жота (ФОТО)

Денеска во Гондомар, Португалија пристигнаа голем број фудбалери, тренери и семејството на погребот на загинатите Диого Жота и Андре Силва.

Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и другите пристигнаа со цвеќиња на погребот на Жота, а присутни беа и тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Во Гондомар се присутни и претседателот на Португалија, дел од раководството на фудбалскиот сојуз на земјата, како и други спортски работници.

Жота и неговиот брат ги загубија животите во сообраќајна незгода која се случи во Шпанија, додека се обидувале да стигнат на брод за потоа да тргнат кон Англија.

Фото: Facebook/Fabrizio Romano