
Американец плати 100.000 долари само за да го облече дресот на Црвена Звезда!
Тој, според шпанските медиуми, ќе му се приклучи на српскиот клуб по успешните три сезони во Уникаха, со која освои шест трофеи и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на ФИБА Лигата на шампионите годинава во Атина. Во тоа натпреварување, Картер имаше просек од 12,8 поени и 4,3 асистенции по натпревар.
Црвено-белите активно го реконструираат тимот за наредната сезона. Веќе ги ангажираа Чима Монеки, Сем Оџелеј, Ебука Изунду и Стефан Миљеновиќ, а во клубот се врати и центарот Урош Плавшиќ по позајмицата во Бешикташ.
ФОТО: EPA PHOTO