За Шпанците Барди е „маестро“ – не ги забораваат неговите слободни удари! (ВИДЕО)

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди денеска полни 30 години, а неговиот роденден не го заборавија и од Ла Лига каде што Барди помина одличен период во дресот на Леванте.

Барди дел од шпанскито фудбал беше од 2017 до 2022 година и во тој период прерасна во еден од најважните фудбалери на Леванте. Посебен белег Барди остави со изведувањето на слободни удари и во најсилното шпанско првенство постигна неколку прекрасни голови.

Од Ла Лига во краткото видео го истакнаа токму овој квалитет на македонскиот репрезентативец нарекувајќи го „маестро“.

Барди во овој момент е без клуб откако го напушти турскиот Бодрум, а во кариерата беше дел уште од Шкупи, Брондби, Ујпешт  и Трабзонспор.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LALIGA (@laliga)