
Тренчовски беше на чекор до триумф против големиот Динамо Загреб (ВИДЕО)
Составот на нашиот тренер не се исплаши од звучното име на ривалот, туку одигра храбро и покажа дека пред него е одлична сезона под раководство на нашиот тренер. „Модрите“ од Загреб први поведоа, но Радомље направи целосен пресврт и поведе со 2-1, но до крајот не издржа, па мораше да се задоволи со реми.
Тренчовски и неговите фудбалери задутре ќе излезат на мегдан на уште еден хрватски гигант, со оглед на закажаната пријателска средба против Хајдук.