Фудбалерот кој требаше да биде наследник на Меси пронајде нов клуб

Aнсу Фати некогаш важеше за „чудо од дете“ на Барселона и требаше да биде наследник на Лионел Меси, но место тоа неговата кариера тргна во надолна линија и не ги исполни очекувањата.

Нова шанса да се врати на нивото од почетоците на кариерата ќе има во Монако кој денеска потврди дека го доведува 23-годишниот фудбалер на позајмица со право на откуп.

Ако се одлучи да го откупи договорот на Фати, Монако ќе треба да плати сума од 11 милиони евра.

Фати своевремено стана и најмлад стрелец за Барселона во Ла Лига, рекорд кој беше срушен од Ламин Јамал. Исто така ја доби и „десетката“ која во каталонкиот гигант има огромно знчаење.

Сепак, повредите си го направија своето и по неколку паузи не успеа да се врати на тоа ниво, па како позајмен фудбалер настапуваше и за Брајтон за потоа да се врати во Барселона и во минатата сезона да настапи само на шест натпревари.

Ќе потсетме, Монако пред неколку дена потпиша договор и со Пол Погба, уште еден фудбалер кој ќе е обиде да ја врати некогашната форма.