Еден од најдобрите НБА кошаркари знае и фудбал – мајсторски погоди од слободен удар! (ВИДЕО)

Виктор Вембанјама е една од најголемите НБА ѕвезди, а со своите 221 сантиметри сега покажа дека одлично се снаоѓа и на фудбалскиот терен.

Францускиот 21-годишен кошаркар вниманието го привлече со еден навистина прекрасен гол од слободен удар.

Топката по ударот на Вембанјама го прелета живиот ѕид и од пречката заврши во мрежата, голманот немаше никакви шанси да интервенира.