Големото дерби на Светското клупско првенство може да биде прекинато!

Натпреварот од осминафиналето на Светскоот клупско првенство помеѓу Реал Мадрид и ЈУвентус кој се игра вечерва во Мајами во 21:00 часот по средноевропско време би можел да биде прекинат поради невреме.

Според американската метеоролошка служба во ворник помеѓу 14:00 и 15:00 часот по локално време се очекува невреме со грмежи во околината на Мајами каде што се игра натпреварот.

Ризикот од невреме според прогнозие се зголемува токму пред почетокот на натпреварот на „Хард Рок“ стадионот.

Организаторите на турнирот во САД применуваат протокол сличен на оној во американските МЛС и НФЛ според кој прекинот трае најмалку 30 минути по детектирањето на гром во радиус од 13 километри од стадионот. Ваквиот процес започнува одново при секој удар на гром, па поради тоа натпреварот помеѓу Челси и Бенфика беше прекинат н два часа.

Ситуацијата ја коментираше фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал.

„Тоа е необично, барем за нас во Европа. Би требало да има протокол кој ќе биде помалку строг со цел да се обидуваме да ги завршиме натпреварите бидејќи сето тоа има големо влијание на играта“, изјави шпанскиот десен бек.