На ПСЖ му требаше едно полувреме да го прегази Интер Мајми и да се пласира во четвртфинале! (ВИДЕО)

Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Во првото полувреме имаше само еден тим, ПСЖ уште од самиот почеток на мечот ја воспостави доминацијата и покажа кој е кој.

Со гол на Невес во шестата минута ПСЖ поведе со 1-0, а истиот фудбалер во 39. минута зголеми на 2-0.

Во 44. минута Авилес си постигна автогол, а во судиското продолжение од првиот дел Хакими погоди за конечни 4-0.

Второто полувреме беше сосема поинакво, ПСЖ не сакаше да притисне за повеќе голови, ги штедеше силите и речиси и не се обидуваше да дојде до нов погодок. 

Таквата игра му овозможи поголема активност на Интер Мајами кој создаде неколку полушанси, но не успеа да постигне почесен гол.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Фламенго и Баерн Минхен.

Фото:X/PSG