Баерн нема среќа со авионите во САД – вторпат заглави на аеродром!

Не престануваат проблемите на Светското клупско првенство поради лошите временски услови, а екипата на Баерн по вторпат во неколку денови се соочи со подолго чекање на аеродром.

Вчера во Орландо беше прекинат натпреварот помеѓу Челси и Бенфика поради невреме на дури два часа, а во исто време фудбалерите на Баерн останаа заглавени на аеродромот.

„Повторно хаос со летовите и проблеми со времето на Светското клупско првенство“, пишува „Билд“.

Ѕвездите на Баерн требало да полетаат во 16:40 часот, по локално време за да имаат доволно време за одмор и подготовка за натпреварот против Фламенго кој треба да о играат вечерва од 22:00 часот. Но тимот полетал со два часа задоцнување.

Причинната било невремето кое се движело низ Флорида, поточно од Орландо кон Мајами. Баерн проблеми со летот поради временските улови имаше и пред вториот натпревар против Бока јуниорс, тогаш тргнаа еден час подоцна.