
Ботафого падна по 120 минути игра, Палмеирас е прв четвртфиналист на СКП (ВИДЕО)
Славеше Палмеирас со 1-0 и тоа по 120 минути голема борба на стадионот Линколн во Филаделфија. Конечниот резултат можеби и не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи беа упатени дури 35 удари, а само еднаш се затресе една од мрежите.
Победникот го реши Паулињо кој влезе во игра во 63. минута на местото на Виктор Роке. Во 100. минута од мечот, тој направи слалом низ одбраната на Ботафого и со удар откосо успеа да го совлада противничкиот голман. Ботафого се обиде во остатокот од натпреварот да дојде до израмнувачки гол, но Палмеирас успеа да го одбрани водството и да влезе меѓу осумте најдобри.
Во четвртфиналето, тимот од Сао Паоло ќе се сретне со подобриот од европската пресметка меѓу Бенфика и Челси која е на програмата од 22 часот.
фото: EPA photo