
Кој сака да влезе во НХЛ, ќе мора да плати - 2 милијарди долари
Одлуката доаѓа откако управното тело на лигата се обиде да воспостави финансиска рамка за тим што би се приклучил на лигата. Иако проширувањето на НХЛ не е задолжително, ниту императив за челниците, одборот ги информираше сопствениците на тимовите за време на нивниот состанок во Лос Анџелес во среда за очекуваната цена за нов клуб. Надоместокот за франшиза ќе биде минимум 2 милијарди долари, а новите групи на сопственици ќе мора да издвојат уште 1 милијарда долари за потенцијални трошоци за арената доколку нивната почетна понуда не ги исполнува критериумите.
„Немаме апликации што се во тек и не бараме да започнеме формален процес во оваа фаза“, рече Комесарот на НХЛ, Гари Бетман, на состаноците во Лос Анџелес, но одби да коментира дали има потенцијални кандидати.
Најновата франшиза на НХЛ, Сиетл Кракен, влезе во лигата во сезоната 2021-22 откако плати 650 милиони долари. Тоа е значителен скок од 500. милиони долари што го чинеа Вегас Голден Најтс за да започне франшиза која дебитираше во сезоната 2017-18.
Градовите што јавно изразија интерес за формирање НХЛ тим се Атланта, Хјустон, Њу Орлеанс, Синсинати, Канзас Сити и Омаха. Атланта имаше два претходни НХЛ тима кои се преселија во Калгари и Винипег, соодветно, откако не успеаја да се справат со финансиската конкуренција. И двата канадски града имаа тимови и пред тоа, но тие исто така не успеаја да ги покријат финансиските проблеми и покрај долгата традиција во овој спорт.