
Американец со германски пасош е прво засилување за Партизан
Американецот со германски пасош веќе потпиша договор со шампионот на АБА лигата и се очекува да биде големо засилување за „црно-белите“. Осетковски е висок 206 сантиметри и ги покрива позициите 4 и 5, а треба да биде замена за Брендон Дејвис кој официјално го напушти клубот по завршувањето на сезоната.
Со Уникаха, Осетковски имаше големи успеси претходните две сезони, два пати ја освои Лигата на шампионите и еднаш Копа дел Реј, а со Асвел во 2022 година беше и првак на Франција. Покрај овие две екипи, играше и за Гетинген и Улм, а дипломираше на Универзитетот Тексас.