
Реал го растури Салцбург и си закажа пресметка со Јувентус (ВИДЕО)
Последни на терен излегоа екипите од групата Х по што се познати и последните два учесника во осминафиналето. Таму ќе играат Реал Мадрид и Ал Хилал кои остварија лесни победи против своите ривали.
Реал го прегази австрискиот Салцбург со 3-0 и во осминафиналната фаза ќе се сретне со Јувентус што треба да биде еден од најинтересните дуели во овој дел од првенството. Конечно, натпревар на своето ниво одигра Винисиус кој постигна еден и асистираше за уште еден гол (за Валверде) на својот тим, сето тоа во финишот од првото полувреме, па на пауза Реал замина со водство од 2-0. Гарсија во 84. минута стави точка на мечот, по што Реал го освои првото место во групата.
Ал Хилал не дозволи изненадување и со 2-0 ја победи Пачука со головите на Ал Давсари и Маркос Леонардо. Во осминафиналето Ал Хилал ќе игра со Манчестер Сити кој остави најдобар впечаток во досегашниот дел од Светското клупско првенство.