Мбапе доби закани: Остави го Ал-Келаифи на мир! (ФОТО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се наоѓа во САД заедно со Реал Мадрид, каде што шпанскиот гигант настапува на Светското клупско првенство, но фудбалерот е во центар на внимание по најавата за нова тужба против ПСЖ.

Ѕвездата на „кралевите“ бара од ПСЖ да му исплати 55 милиони евра кои му ги должи, но францускиот шампион не сака да прифати такво нешто, додека во целата драма сега се вклучи и рапер кој испрати закана до голгетерот.

„Ако не го оставиш Насер Ал-Келаифи на мир, ќе кажам што правиш, со кој си и зошто те боли стомакот. Играј фудбал, постигнувај голови и продавај дресови. Нема уште многу да нè малтретираш. Извади го паричникот“, објави раперот.

Мбапе играше седум сезони за парижаните, и тоа од 2017 до 2024 година, при што постигна вкупно 256 голови во 308 натпревари.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.