Три од три за премиерлигашот: Манчестер сити пукна „петарда“ против Јувентус (ВИДЕО)

Англискиот гигант Манчестер сити славеше со убедливи 5-2 против Јувентус во третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

Доку во деветтата минута ја затресе мрежата на „Старата дама“ за водство од 1-0, но набрзо Едерсон направи голема грешка која беше казнета од Копмајнерс (1-1).

„Граѓаните“ ја вратија предноста во 26. минута откако Калулу си постигна автогол (2-1), по што Халанд во 52. минута стрелаше за 3-1.

Премиерлигашот во продолжение погоди и преку Фоден и Савињо за водство од убедливи 5-1, по што Влаховиќ го ублажи поразот на италијанскиот клуб со погодокот во 84. минута.

Јувентус и Манчестер сити веќе обезбедија пласман во плејофот на Светското клупско првенство.

Фото: Facebook/Manchester City