Eуфорија во Лондон: Фризерот на еден од најбараните голгетери го потврди трансферот! (ФОТО)

Екипата на Арсенал во овој преоден рок ќе го засили и нападот и тоа веројатно со еден од најбараните голгетери во Европа, Бенџамин Шешко.

Шешко долго време се поврзуваше со Арсенал, но сега трансферот можеби случајно го потврди неговиот фризер на Инстаграм.

„Секогаш ни е драго што си тука пријателе. Се надевам дека ќе соработуваме и во Лондон“, објавил фризерот на неговиот Инстаграм профил со фотографија на која е во друштво на Шешко на грчкиот остров Миконс.

Според претходните најави на медиујмите трансферот ќе изнесува нешто повеќе од 80 милиони ева. Пред Шешко, Арсенал ги обезбеди потписите на Мартин Зубаменди, Кристијан Норград и Кепа Аризабалага.