Унгарецот роден во Србија и официјално потпиша за Ливерпул!

Екипатана Ливерпул денеска и официјално се засили со унгарскиот репрезентативец, Милош Керкез, кој доаѓа од редовите на Бурнмаут.

Англискиот гигант официјално го потврди трансферот на левиот бек, а иако финансиските детали не се објавени, британските медиуми пренесуваат дека вредноста на зделката изнесува околу 40 милиони фунти, додека фудбалерот потпишал петгодишен договор.

„Огромна чест и привилегија е да се биде дел од еден од најголемите клубови во светот, најголемиот во Англија. Пресреќен сум и возбуден. По потпишувањето се враќам во родниот град на неколку дена, а потоа со нетрпение ја очекувам работата со тимот и подготовките за новата сезона“, изјави Керкез за клупскиот сајт.

Керкез има 21 година и е роден во српскиот град Врбас. Фудбалскиот пат го започна во младинските категории на ОФК Врбас, а потоа играше за академиите на Рапид Виена, Ѓер и Милан. Како сениор, настапуваше за Ѓер, Милан, АЗ Алкмар и Бурнмаут, каде минатата сезона одигра 41 натпревар и постигна два гола.

За репрезентацијата на Унгарија има 23 настапи, откако претходно ги помина сите младински категории.