Бруклин имаше „бомбастичен“ драфт – избра двајца Израелци и еден Русин!

Главна вест на годинешниот НБА драфт, покрај очекуваниот прв пик Купер Флег, влезе и тимот на Бруклин Нетс, кој направи историски и контроверзен потег – стана првиот тим што избрал пет играчи во првата рунда, меѓу кои се двајца кошаркари од Израел и еден од Русија - држави кои последниве години се во фокусот на глобалните конфликти.

Јегор Демин, осми пик на драфтот, доаѓа од Русија, земја чие учество во војната во Украина продолжува да ја поларизира светската јавност. Тој е бек од колеџот Брингам Јанг Универзитетот, а претходно настапуваше за Реал Мадрид. Во последната сезона на колеџ имаше просек од 10,6 поени, 5,5 асистенции и 3,9 скока. Бруклин изненади и со изборот на двајца израелски кошаркари – Бен Сараф и Дени Волф, како 26. и 27. избор на драфтот. Израел е во центарот на вниманието поради војната со Иран и состојбата во Газа, па нивната појава во НБА доаѓа во исклучително чувствителен момент.

Сараф доаѓа од германскиот Улм, каде играше како комбо-бек и бележеше 12,8 поени по натпревар во Еврокупот. Волф, иако роден во САД, има израелски пасош. Тој е крилен центар и последната сезона на Универзитетот Мичиген имаше просек од 13,2 поени и речиси 10 скокови.

Пред нив, како пик број 25, беше избран Дрејк Пауел како дел од трејд-договорот со Атланта. Тој доаѓа од Универзитетот Дарам и важи за одличен шутер. „Мрежичките“ од 19. позиција го одбра и францускиот талент Нолан Траоре, кој веќе се етаблираше во ФИБА Лигата на шампионите.