Бугарската престолнина добива евролигаш – принудно поради војната!

Поради влошената безбедносна состојба во Израел, екипата на Хапоел Тел Авив најверојатно своите домашни натпревари во Евролигата следната сезона ќе ги игра во главниот град на Бугарија – Софија.

Израелските клубови минатата сезона беа сместени во Белград, а како алтернатива за нова база се споменуваше и Кипар. Властите на островот, сепак, ја отфрлија таа можност поради безбедносни причини, со оглед на фактот што северниот дел е под турска контрола. Софија е избрана како локација поради својата стратешка позиција и стабилната инфраструктура, што отвора можност Хапоел, како актуелен освојувач на Еврокупот, дополнитлено да се приклучи и во АБА лигата.

Проектот на израелскиот сопственик Офер Јанаи веќе привлекува сериозни имиња од европската кошарка, а очекувањата се дека нивниот број би бил уште поголем доколку безбедносната состојба на Блискиот Исток беше постабилна.