Луд пресврт на младите Французи за полуфинале на Европското првенство! (ВИДЕО)

Mладата француска репрезентација се пласираше во полуфиналето за Еввропското првенство за фудбалери до 21 година откако со 3-2 ја совлада Данска.

Данцитеп одобро го започнаа натпреварот во Брешов и поведоа со гол на Клемент Бишоф по 16 минути игра. Пред крајот на првиот дел Франција преку Џаули Сисе дојде до израмнување на 1-1.

Само што започна вториот дел Оливер Соресен се погрижи за ново водство за Данска. Таа предност на Данците беше актуелна се до самата завршница. Прво одличен гол постигна Квентан Мерлан во 84. минута, а потоа Матијас Тел стрелаше за целосен пресврт и победа.

Во полуфиналето Франција ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Германија и Италија кој се игра вечерва од 21:00 часот. Во второто полуфинале се среќаваат Англија и Холандија.