
Чистка во Барселона: Флик пречкрта четири фудбалери!
Тренерот Ханси Флик на листата за „отстрел“ има четири фудбалери на кои ќе се обиде да им пронајде нов клуб во следниот период.
Ансу Фати, Ињаки Пена, Ориол Ромеу и Пабло Торе се фудбалерите кои повеќе не се во плановите на Флик и ова лето ќе си најдат нови тимови.
Фото: Facebook/FC Barcelona