Се појави во дрес на Бока меѓу навивачи на Ривер - сакаа да го растргнат! (ВИДЕО)

Ривалството меѓу Бока јуниорс и Ривер плејт е едно од најголемите во светот на фудбалот, а тоа можеше да се забележи многу пати во минатото, а сега една сцена на Светското клупско првенство привлече големо внимание.

Навивач во дрес на Бока јуниорс се појави на трибина резервирана за фановите на Ривер плејт, поради што мораше да интервенира и обезбедувањето и да му помогне на мажот да излезе без да биде претепан.

Мажот добиваше вербални закани и напади од останатите на стадионот, по што реши да го соблече дресот пред да биде изнесен од трибината.