Деко ја потврди „бомбата“ која ја чекаат сите во Барселона (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Барселона и актуелен спортски директор Деко ја потврди „бомбата“ која со нетрпение ја чекаат навивачите на каталонскиот гигант, а станува збор за Нико Вилијамс.

Во изминатите денови имаше многу шпекулации за Вилијамс, кој јасно кажа дека сака да ги засили редовите на освојувачот на Ла Лига, а Деко потврди дека тоа ќе се случи наскоро.

„Нико реши да потпише за Барселона, тоа е вистина“, кажа Деко.

За услугите на шпанскиот репрезентативец беа заинтересирани тимови како Челси, Арсенал и Реал Мадрид, но Вилијамс инсистирал да го облече дресот на Барселона.