
Ѓорческа го мина првото коло на силниот турнир во Загреб
Лина за да стигне до главниот турнир во Загреб играше прво квалифиакции кои успешно ги помина, а денеска забележа трумф и во првото коло.
Ѓорческа го доби првиот сет со 6-4, во вториот тенисерката од Кипат беше подобра со 6-3, па се играше трет решавачки сет.
Во него нашата тенисерка беше подобра со 6-4 за триумф од 2-1.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Селена Јаничијевиќ од Франција која е осма носителка на турнирот.