Ивановски тргна со победа на челинџерот во Франција

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со лесна победа го почна челинџер турнирот во Ројан, Франција, тој во првото коло беше подобар од Норберт Гомбош од Словачка.

Мечот траеше само 72 минути, а Ивановски загуби четири гема. Во првиот сет македонскиот тенисер беше подобар со 6-1, а во вториот со 6-3.

Во следното коло Ивановски ќе игра против петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија, (31 год., 253.место АТП), кој со 2-0 во сетови (63 76) го совлада Французинот Лука Пулен.