Норис: Го прекршив најважното правило и направив будала од себе!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис направи голема грешка во завршницата од трката за Големата награда на Канада, кога се судри со колегата Оксар Пјастри.

Норис по ударот со Пјастри остана со оштетен болид и мораше да  ја заврши трката, иако во тој момент беше на петто место на патеката.

„Не очекував дека ќе го преминам Оскар од надворешна страна. Едноставно, не требаше да тргнам. Мислев дека почна да се поместува и ќе има простор, но тоа беше преголем ризик, го прекршив најважното правило и направив будала од себе“, кажа Норис.