
Ѓоковиќ дозна лоша вест пред Вимблдон – патот кон трофејот му стана уште потежок!
Американецот Тејлор Фриц го прескокна Србинот на светската ранг-листа откако избори финале на турнирот во Штутгарт, со што го симна Новак на петтата позиција. Ова значи дека српскиот ас би можел да се соочи со сериозни ривали уште во четвртфиналето на неофицијалното светско првенство во Лондон.
Во една ваква ситуација, Ѓоковиќ веќе во оваа фаза би можел да се сретне со Јаник Синер, од кого загуби во полуфиналето на Ролан Гарос, или со Карлос Алкараз, кои ќе бидат првите двајца носители.
Третиот гренслем во сезоната започнува на 30 јуни, а Алкараз ја брани титулата освоена минатата година. Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 25-та гренслем-титула, но патот до трофејот годинава ќе биде значително потежок.
ФОТО: EPA PHOTO