
Најголемиот аргентински талент потпиша за Реал Мадрид!
Минатото лето пристигна Ендрик од Бразил, а сега „кралевите“ стигнаа први и до најголемиот талент во Аргентина со што комплетираа една јужноамериканска линија, бидејќи во клубот веќе се Винисиус Жуниор, Родриго, Валверде...
Во соопштението Реал Мадрид наведува дека Мастантуоно од 2019 до 2025 година е член на Ривер, како и дека во 2024 година станал најмладиот стрелец во историјата на тимот од Буенос Аирес со кој успеа да го освои и Суперкупот на Аргентина.
Comunicado Oficial: Mastantuono.#RealMadrid | #WelcomeMastantuono
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 13, 2025
За услугите на Аргентинецот, Реал Мадрид ќе плати околу 39 милиони евра, а младиот фудбалер се обврза на верност од шест години.
Во сресот на Ривер одигра 61 натпревари и запиша седум асистенции. На теренот Мастантуоно најдобро се наоѓа на позицијата десно крило. Неодамна блесна и со спектакуларен гол во дербито против Бока Јуниорс.