„Газета“ најавува пресврт во ситуацијата со Влаховиќ и Јувентус

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ е еден од оние фудбалери за кои не е позната иднината и поради тоа често е тема на шпекулации.

Уште од зимскиот преоден рок е во преговори со Јувентус, но засега изгледаше дека договорот нема да биде продолжен. Кога се останатите клубови во прашање, единствено Фенербахче испрати официјална понуда. Сега „Газета“ пренесува информација во која наводно може да дојде до пресврт со што и двете страни би имале корист.

Од заминувањето или останувањето на Влаховиќ зависат и потезите на Јувентус на пазарот, „старата дама“ бара 40 милиони евра за негова слобод и тоа е прилично висока сума за фудбалер на кого му истекува договорот наредното лето.

Тука се отвора опција за останување, посебно затоа што Влаховиќ е во добар однос со тренерот Игор Тудор кој посебно го цени. Сепак, потребно е Јувентус да го убеди да прифати плата помала од десет милиони евра.