Шпанија поведе, ама се радуваше само пет минути (ВИДЕО)

Два гола за краток период беа постигнати во финалето од УЕФА Лигата на нации што се игра вечерва во Минхен.

Резултатот го отворија Шпанците преку Зубименди кому топката му падна пред нозе на 2-3 метри од голот на Португалија. Противникот израмни од својата прва посериозна акција, стрелец беше Нуно Мендес кого шпанските фудбалери очигледно го потценија и го оставија сам во шеснаесетникот, па тој буквално ја заби во мрежата на Унаи Симон.

Пред головите, Шпанија беше подобар противник и имаше неколку шанси од кои најдобрата ја пропушти Педри.