Скандал во Тирана: Навивачите на Албанија ни го „украдоа“ Дебар и уште неколку „нивни“ градови кај нас (ВИДЕО)

На Балканот ништо не може да помине без национализам, па ни обичен фудбалски натпревар на почеток од квалификациски циклус.

Во Тирана денеска се среќаваат Албанија и Србија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година и тоа беше можност за истакнување за националистите од земјата на нашиот западен сосед. Еден од најголемите албански „патриоти“ излезе во центарот на Тирана со државното знаме на кое беа испишани градови од соседните држави, со цел да покаже до каде треба да биде т.н. „Голема Албанија“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Се разбира, тука има и градови од Македонија, како на пример Дебар за кој Албанецот смета дека треба да ѝ припадна на неговата татковина.