Падна договор, Ерик тен Хаг има нов клуб!

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг започнува нова работа, тој пронајде нов клуб и наскоро ќе биде и официјално претставен.

Тен Хаг се договори со Баер Леверкузен, Холанѓанецот ќе биде наследникот на Чаби Алонсо.

Се работи за двегодишен договор до јуни 2027 и официјално ќе биде потпишан во понеделник.

Ајакс имаше обид да го врати Тен Хаг, но тој преферираше преселба во Германија.