ПСЖ се загреа за Интер и освои уште еден трофеј во Франција (ВИДЕО)

Екипата на Пари Сен Жермен ја потврди својата апсолутна доминација во францускиот фудбал оваа сезона, откако вечерва го освои и Купот на Франција со сигурна победа од 3-0 против Ремс.

Под водство на Луис Енрике, „светците“ покажаа висока класа и го решија мечот уште во првото полувреме, постигнувајќи три гола во рок од само 30 минути. Ремс немаше вистински одговор на играта на фаворитот и во ниту еден момент не беше сериозна закана.

Првиот погодок падна во 17. минута преку Бредли Баркола, кој само две минути подоцна го зголеми водството на 2-0. Пред самиот крај на првиот дел, во 43. минута, Ашраф Хакими ги постави конечните 3-0.

Сега пред ПСЖ е многу поголем предизвик во кој на 25 мај (сабота) ќе игра против Интер во финалето од Лигата на шампионите.