Митровски е во тимот на сезоната во Хрватска!

Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски се најде меѓу најдобрите 11 за оваа сезона во хрватската фудбалска лига.

Фудбалскиот синдикат во Хрватска ги објави најдобрите на сезоната за кои гласаа 248 фудбалери од сите 10 клубови и 49 тренери и членови на стручните штабови.

Наградата за најдобар фудбалер ја доби Марко Ливаја од Хајдук.

Нашиот Димитар Митровски кој има фантастична сезона во дресот на Вараждин се најде во најдобриот тим на сезоната.

Најдобар тим во Хрватска: Марко Маленица (Осјек), Стјепан Радељиќ (Риека), Дарио Марешиќ (Истра 1961), Роко Јуришиќ (Осјек), Морис Валинчиќ (Истра 1961), Тони Фрук (Риека), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Мартин Батурина (Динамо Загреб), Марко Ливаја (Хајдук), Димитар Митровски (Вараждин), Марко Пјаца (Динамо Загреб).