Се е завршено: Рома има договор со новиот тренер

Една од темите за која се пишува во италијанскиот фудбал во овој момент е новиот тренер на Рома, а сегашниот Клаудио Раниери потврди дека тој е веќе договорен.

На почетокот на неделата се појавија шпекулации дека Јирген Клоп би можел да ја преземе клупата на клубот од Рим, но таа вест брзо беше демантирана. Сепак, според Раниери, навивачите немаат причина за грижа.

„Секако, сè е веќе завршено! Останува само претседателот да одлучи кога ќе го соопшти името на новиот тренер. Дури и брат ми ме повика да ме праша кој ќе биде. Сите се распрашуваат“, изјави Раниери за весникот „Република“.

До крајот на сезоната во Серија А останува уште едно коло, а Рома ќе го затвори првенството со гостување во Торино во натпреварот кој е игра в недела.

Римјаните и натаму се во игра за пласман во Лигата на шампионите, но ќе им бидат потребни и бодови против екипата од главниот град на Пиемонт, како и кикс од еден од директните ривали во битката за топ 4.

Фото. AS Roma/X