
Вардар ги обнови договорите со Сенгор и Матиќ – потпишаа на уште две години!
Сенегалскиот дефанзивец и хрватскиот фудбалер потпишаа нови двегодишни договори со скопскиот клуб, со што се покажува намера за задржување на клучните играчи во ростерот. И двајцата играчи му се приклучија на Вардар на почетокот на оваа календарска година.
Сенгор, кој претходно играше за Гиресунспор, Шкупи, Челик Зеница и Каса Спорт, дојде како слободен агент. Матиќ, пак, има искуство од клубови како Широки Бријег, Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб и украински Минај.