Гилџес Александер ја прими МВП наградата, па ја растури Минесота (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер поведе со 2-0 во финалето од финалната серија во Западната конференција откако ноќеска ја совлада Минесота и во вториот меч на домашен терен, со 118-103.

Натпреварот почна со свеченост бидејќи Комесарот на НБА, Адам Силвер му ја врачи МВП наградата на Шеј Гилџес Александер, а Канаѓанецот си зеде обврска да ја оправда пред своите навивачи. И успеа во тоа бидејќи постигна 38 поени, 8 асистенции, 3 скока и 3 украдени топки и беше незадржлив за противничките кошаркари.

За разлика од претходните натпревари, кога го обвинуваа за флопинг, сега играше максимално сериозно, во двете полувремиња постигна по 19 поени, на голем одмор ѝ донесе на Оклахома +8, а се беше решено во третиот период кој домашниот тим го доби со 35-21 за предност од високи 22 разлика.

Ентони Едвардс делумно му парираше на новиот МВП, постигнувајќи 32 поена, со 9 скока и 6 асистенции, но на помош на Гилџес Александер му притрчаа Вилијамс со 26 поени и 10 скока и Холмгрен со 22 поена и најдобриот тим од основниот дел на сезоната ја сочува предноста на домашниот терен.

Третиот и четвртиот натпревар се играат во Минеаполис и таму ќе се знае дали Вулфс се подготвени да го направат последниот чекор кон финалето или ќе останат на истото скалило како и лани.