
Звезда го „врза“ македонскиот бисер: Лука Трпевски потпиша професионален договор! (ВИДЕО)
Трпевски е фудбалер кој игра во средниот ред и е стандарден во својата генерација во редовите на српскиот шампион, но се натпреварува и во една година поврозрасна категорија.
Дел од Црвена Звезда е две години, додека претходно се развиваше во академиите на Македонија Ѓорче Петров и Вардар.
„Професионалниот договор со Црвена Звезда многу ми значи. Сакам да се заблагодарам за дадената шанса, чувството е навистина прекрасно. Од мал сонувам да истрчам на стадионот со првиот тим на Звезда“, изјави Трпевски за клупскиот сајт на Звезда.
Според зборовите на директорот на младинската школа на Црвена Звезда, Никола Јелиќ многу големи клубови од регионот се обидувале да го доведат Трпевски во своите редови.
„Многу големи клубови од регионот беа заинтересирани да го доведат, но ние успеавме да го доведеме. Има одлична техничка и шут и се надевам дека ќе продолжи да го покажува својот талент во нашиот клуб“; изјави Јелиќ.