Падна договор, Слот го доби првото големо засилување за следната сезона!

Ливерпул стана шампион на Англија, но црвените планираат да се засилат на неколку позиции со цел да ја продолжат доминацијата.

Првиот фудбалер кој потпишува за нив е Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен.

Ливерпул ја активираше откупната клаузула од 35 милиони евра и тој од денеска ќе ја почне процедурата за официјализирање на трансферот.

Во текот на денешниот ден Фримпонг треба да ги почне медицинските тестови, а потоа да стави потпис на договорот.

Договорот ќе биде со трајност до јуни 2030 година.