
Ѓорче слави: Македонија ЃП по една година се врати во елитата! (ФОТО)
Така по само една сезона „лавовите“ се враќаат во друштвото на најдобрите, а како одличен потег на раководството се покажа поставувањето на чело на тимот на двоецот Бобан Грнчаров - Александар Бајевски.
Сезоната тимот од Ѓорче ја заврши со 65 бода, исто колку што има и второпласираниот Арсими, но со подобра гол-разлика и подобар меѓусебен дуел. Третото место му припадна на Башкими кој треба да оди во баражот против Беса.