Мајсторски гол на Несторовски, Славен Белупо ја прегази Горица (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски постигна гол во победата од 4-0 на Славен Белупо против Горица во 35. коло од хрватскиот шампионат.

Бралиќ во 35. минута си постигна автогол за предност на Славен Белупо, а набрзо во листата на стрелци се запиша и Несторовски со одличен погодок.

Славен Белупо постигна уште два гола во второто полувреме, а стрелци беа Либер и Шакота за конечни 4-0.

По 35 одиграни кола, Славен Белупо се наоѓа на петтата позиција со 48 бодови, а Несторовски досега постигна осум голови и две асистенции.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/NK Slaven Belupo